ФРЛЕНА БОМБА ВРЗ КУЌАТА НА ЗДРАВКО ЧОЛИЌ ВО БЕЛГРАД, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    ФРЛЕНА БОМБА ВРЗ КУЌАТА НА ЗДРАВКО ЧОЛИЌ ВО БЕЛГРАД, НЕМА ПОВРЕДЕНИВо моментот на нападот Чолиќ бил во куќата заедно со семејството (Фото: СДК.МК)

    Експлозивна направа е фрлена врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во Белград, објавија српските медиуми. Весникот „Блиц“ објави дека во моментот на нападот Чолиќ бил во куќата заедно со семејството, но нема повредени.

    Според првичните информации, предизвикана е значајна штета на оградата, фасадата и на еден автомобил. Полицијата и јавен обвинител вршат увид на самото место и засега немаат излезено со официјална изјава.

    Мотивот на нападот во населбата Дедиње не е познат. Медиумите велат дека веројатно била фрлена рачна бомба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира