САД СОБОРИЈА ИРАНСКИ ДРОН ШТО СЕ ДВИЖЕЛ КОН НОСАЧОТ НА АВИОНИ „ЛИНКОЛН“

    САД СОБОРИЈА ИРАНСКИ ДРОН ШТО СЕ ДВИЖЕЛ КОН НОСАЧОТ НА АВИОНИ „ЛИНКОЛН“САД го испратија носачот на авиони „Абрахам Линколн“ на Блиски Исток по насилното задушување на антивладините демонстрации во Иран (Фото: АП)

    Американската војска собори ирански дрон кој агресивно се приближил до носачот на авиони „Абрахам Линколн“ во Арапското Море, соопшти американската војска. Таа додаде дека иранскиот дрон „шахед-139“ летал кон бродот со нејасна намера и бил соборен од американски борбен авион „Ф-35“.

    Борбен авион ‘Ф-35‘ од ‘Абрахам Линколн‘ го собори иранскиот дрон во самоодбрана и за да ги заштити носачот на авиони и неговиот персонал. Ниеден американски војник не е повреден и нема штети на опремата“, изјави капетанот Тим Хокинс, портпарол на Централната команда на американската војска.

    Инцидентот се случи во време кога дипломатите се обидуваат да организираат разговори помеѓу Иран и САД, а Доналд Трамп предупреди дека „веројатно ќе се случат лоши работи ако не може да се постигне договор“.

    Ударната група на носачот на авиони „Линколн“ е највидливиот дел од американското воено засилување на Блиски Исток по насилното задушување на антивладините демонстрации во Иран минатиот месец, во кои загинаа илјадници луѓе. Трамп, кој не ги оствари заканите за воена интервенција за време на репресијата, побара од Техеран под итно да склучи договор за својата нуклеарна програма. Иран кажа дека се во тек подготовки за преговори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира