ВОЈСКИТЕ НА САД И РУСИЈА СЕ ДОГОВОРИЈА ДА ГИ ОБНОВАТ РЕДОВНИТЕ КОНТАКТИ СУСПЕНДИРАНИ ВО 2021

    ВОЈСКИТЕ НА САД И РУСИЈА СЕ ДОГОВОРИЈА ДА ГИ ОБНОВАТ РЕДОВНИТЕ КОНТАКТИ СУСПЕНДИРАНИ ВО 2021Доналд Трамп повикува на нормализирање на односите помеѓу двете земји (Фото: Кремљ)

    САД и Русија се договорија да ги обноват контактите на високо ниво помеѓу нивните вооружени сили. Ова следува откако високи офицери на американската и руската војска се сретнаа на маргините на мировните разговори САД-Русија-Украина во Абу Даби.

    Европската команда на американската војска соопшти дека обновениот дијалог ќе овозможи постојани контакти помеѓу двете војски додека се работи на обезбедување траен мир.

    Ова претставува значајно приближување на двете најголеми нуклеарни сили во светот и следува додека Доналд Трамп повикува на нормализирање на односите помеѓу двете земји, кои своевремено беа главни ривали.

    Вчера истече последниот договор за контрола на нуклеарното оружје помеѓу САД и Русија, но некои американски медиуми објавија дека тие преговараат за нов. Кремљ кажа дека претходно понудил продолжување на договорот „Нов старт“, но не добил одговор од САД.

    Низ неколку децении кризи, тензии и конфронтации, војските на САД и Русија одржуваа отворени канали за комуникација за да се избегнат недоразбирања и ескалација. Тие контакти беа суспендирани во 2021 непосредно пред почетокот на руската инвазија врз Украина.

    Во последниве години имаше одреден контакт помеѓу воените офицери на САД, НАТО и Русија, но ова значи дека ќе се воспостави редовен дијалог помеѓу високите команданти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира