ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ОЛИМПИЈАДАТА НЕ НЕГИРАА ДЕКА МАРАЈА КЕРИ ПЕЕЛА НА ПЛЕЈБЕК НА ОТВОРАЊЕТО

    ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ОЛИМПИЈАДАТА НЕ НЕГИРАА ДЕКА МАРАЈА КЕРИ ПЕЕЛА НА ПЛЕЈБЕК НА ОТВОРАЊЕТОКери не била платена за настапот (Фото: АП)

    Организаторите на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина одбија да ги негираат шпекулациите дека Мараја Кери пеела на плејбек.

    Американската поп-дива испеа песна од Доменико Модуњо, а потоа и својата „Ништо не е невозможно“ (Nothing Is Impossible) и многумина коментираа на социјалните мрежи дека неколкупати можело да се забележи дека движењата на усните се надвор од темпото на музиката.

    Кога беше запрашана дали Кери пеела на плејбек, директорката на шоуто Марија Лаура Јашоне потврди дека имало претходно снимена снимка, но одби да каже дали била употребена и дали Кери пеела во живо.

    Секогаш снимаме, за сите церемонии, за да бидеме осигурани. Но, ова е нешто што се практикува на меѓународно ниво за настани со емитување на високо ниво“, рече Јашоне.

    Сепак, таа инсистираше дека настапот на Кери бил извонреден.

    Беше фантастичен и сите сме задоволни од резултатите што ги имавме. Сликите можат да го докажат тоа, бидејќи имаше магија“, кажа Јашоне и потврди дека Кери не била платена за настапот.

    Многумина го критикуваа изборот на Кери и зашто таа нема никаква врска со Италија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира