ОБВИНИТЕЛСТВОТО И МВР УШТЕ ИСТРАЖУВААТ ДАЛИ ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ ВО СРБИЈА СЕ ПОВРЗАНИ СО ЗАПЛЕНИТЕ ОД МАКЕДОНСКИТЕ МАГАЦИНИ ЗА КАНАБИС

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО И МВР УШТЕ ИСТРАЖУВААТ ДАЛИ ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ ВО СРБИЈА СЕ ПОВРЗАНИ СО ЗАПЛЕНИТЕ ОД МАКЕДОНСКИТЕ МАГАЦИНИ ЗА КАНАБИССрпската полиција на крајот на минатиот месец заплени пет тона марихуана во село близу Крушевац. (Фото: МВР на Србија)

    Обвинителството за организиран криминал и корупција и МВР веќе десет дена истражуваат дали петте тона марихуана фатени во Србија се поврзани со марихуаната која тие ја запленија од магацините на производителите на канабис за медицински цели.

    Уште не кажуваат дали и како пет тона марихуана поминале покрај македонската полиција и царина.

    „Во насока на целосно утврдување на фактите и околностите, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е во комуникација со Обвинителството за организиран криминал на Република Србија, со цел размена на информации од значење за постапката што ќе помогнат да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната. Воедно, јавниот обвинител од ОЈО ГОКК презема и други дејствија согласно своите законски надлежности, вклучително и сослушување лица во својство на сведоци, со цел прибирање докази и факти релевантни за постапката”, е единственото соопштение од Обвинителството за големата акција која трае неколку дена, а јавноста има оскудни информации.

    Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која досега се запленети над 40 тони марихуана од повеќе правни лица на територијата на државата, обвинителството ја информира јавноста дека континуирано презема активности во соработка со Министерството за внатрешни работи и Комисијата за одобрување на одгледување на канабис за медицински цели, во рамките на Министерството за здравство.

    Постапувањето се одвива во континуирана координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и со други јавни обвинителства со месна и стварна надлежност, кои постапуваат по предмети за кривични дела утврдени во Законот за контрола на опојни дроги.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира