СТАВРЕ ЈАДА ЗАВРШИ НА 89. МЕСТО НА СПРИНТОТ НА ОЛИМПИЈАДАТА

    СТАВРЕ ЈАДА ЗАВРШИ НА 89. МЕСТО НА СПРИНТОТ НА ОЛИМПИЈАДАТАЈада на 13 февруари ќе настапи на трката на 10 километри (Фото: МОК)

    Најискусниот македонски олимпиец Ставре Јада заврши на 89. место во квалификациите на спринт трката на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Јада постигна време од три минути, 59 секунди и 56 стотинки на патеката долга 1,6 километри, заостанувајќи 52,19 секунди зад лидерот Јоханес Хестфлот Клаебо од Норвешка.

    За оваа трка беа пријавени 95 учесници.

    Јада, за кого ова е трета олимпијада, на 13 февруари ќе настапи на трката на 10 километри, а ден порано на истата делница настапува Ана Цветановска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира