ТЕПАЧКА ВО ТУРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПОРАДИ НАЗНАЧУВАЊЕТО НА НОВ МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА

    ТЕПАЧКА ВО ТУРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПОРАДИ НАЗНАЧУВАЊЕТО НА НОВ МИНИСТЕР ЗА ПРАВДАОпозицијата се обиде да го спречи Акин Ѓурлек да положи заклетва (Фото: АП)

    Тепачка изби во турскиот парламент откако пратениците од владејачката партија АК и од опозицијата се судрија околу назначувањето на контроверзна личност за нов министер за правда.

    Опозицијата се обиде да го спречи Акин Ѓурлек да положи заклетва за новата функција, при што пратениците почнаа да се туркаат и удираат.

    Ѓурлек, кој беше избор на претседателот Реџеп Таип Ердоган, порано беше главен обвинител на Истанбул, при што водеше случаи против неколкумина членови на водечката опозициска партија, кои беа окарактеризирани како политички мотивирани.

    Тепачката го натера претседателот на парламентот да ја прекине седницата на 15 минути додека не се воспостави ред. Ѓурлек подоцна положи заклетва окружен од пратениците на АК.

    Турција доби и нов министер за внатрешни работи, но од владата не дадоа официјално објаснување за министерските промени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира