ШЕСТ ДЕЦА НА ВОЗРАСТ ОД 11 ДО 13 ГОДИНИ УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕТО ВО КАНАДА, НАПАДОТ ГО ИЗВРШИ 18-ГОДИШНИК

    ШЕСТ ДЕЦА НА ВОЗРАСТ ОД 11 ДО 13 ГОДИНИ УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕТО ВО КАНАДА, НАПАДОТ ГО ИЗВРШИ 18-ГОДИШНИКУбиецот е пронајден мртов во училиштето во Тамблер Риџ од самонанесена прострелна рана (Фото: АП)

    Пет деца на возраст од 12 и 13 години се убиени во вчерашното пукање во средното училиште во канадското гратче Тамблер Риџ во Британска Колумбија, што го изврши 18-годишниот Џеси ван Рутселар. Властите кажаа дека убиецот бил роден како машко, но се идентификувал како жена и мотивот на нападот засега не е познат.

    Ван Рутселар е пронајден мртов во училиштето од самонанесена прострелна рана, откако претходно ги убил и своите 39-годишна мајка и 11-годишен полубрат во нивниот дом.

    Осмата жртва на пукањето е 39-годишна наставничка.

    Полицијата кажа дека го посетила домот на Ван Рутселар неколкупати во изминатите години, при што некои повици биле поврзани со проблеми со ментално здравје.

    Ван Рутселар ѝ бил познат на полицијата и започнавме процес на контактирање со системот за јавна здравствена заштита за да разбереме какви интеракции можеби се случиле“, изјави премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Еби.

    Полицијата додаде дека Ван Рутселар се отпишал од средното училиште во Тамблер Риџ пред четири години.

    Можам да кажам дека Џеси бил роден како биолошки маж кој пред приближно шест години почнал да прави транзиција во жена. Тој прво пукал во блиската куќа, а потоа отишол во училиштето. Осомничениот порано имал важечка дозвола за поседување оружје, што во меѓувреме истекла“, рече Двејн Мекдоналд, заменик-комесарот на Кралската канадска полиција.

    Едно од најсмртоносните масовни пукања во Канада во последните десетина години се случи во гратче со 2.400 жители, а тамошното средно училиште го посетуваат 160 ученици од седмо до 12. одделение.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира