ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА НЕ ПОСТИГНАЛ ДОГОВОР ЗА ИРАН СО НЕТАНЈАХУ, ИНСИСТИРА РАЗГОВОРИТЕ СО ТЕХЕРАН ДА ПРОДОЛЖАТ

    ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА НЕ ПОСТИГНАЛ ДОГОВОР ЗА ИРАН СО НЕТАНЈАХУ, ИНСИСТИРА РАЗГОВОРИТЕ СО ТЕХЕРАН ДА ПРОДОЛЖАТДвајцата лидери разговараа зад затворени врати повеќе од два и пол часа (Фото: Гети)

    Доналд Трамп кажа дека не постигнал конечен договор со Бенјамин Нетанјаху за тоа што понатаму со Иран, но инсистира дека разговорите со Техеран мора да продолжат. Нетанјаху, од кого се очекуваше да изврши притисок врз Трамп во врска со Иран, нагласи дека безбедносните интереси на Израел мора да се земат предвид, но не даде назнаки дека американскиот претседател се обврзал на тоа што го барал од него.

    Трамп и Нетанјаху се сретнаа во Белата куќа додека тензиите на Блиски Исток продолжуваат да се засилуваат, а САД го притискаат Иран да постигне договор за својата нуклеарна и ракетна програма. Иран навести дека е спремен да ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за олеснување на санкциите, но ги отфрли другите барања.

    Нетанјаху бара договор со кој не само што ќе запре иранското збогатување ураниум, туку и ќе се прекинат неговите ракетна програма и поддршка за групи како Хамас и Хезболах.

    Двајцата лидери разговараа зад затворени врати повеќе од два и пол часа. Трамп го опиша состанокот како многу добар, но рече дека не се донесени поголеми одлуки и не потврди дека ги прифатил барањата на Нетанјаху.

    Не беше постигнато ништо дефинитивно, освен што инсистирав преговорите со Иран да продолжат за да се види дали може да се постигне договор. Преферирам договор и верувам дека Иран сака договор. Ако не може да се постигне, ќе видиме каков ќе биде исходот“, додаде Трамп.

    Тој претходно кажа дека добар договор со Иран би значел „нема нуклеарно оружје, нема проектили“ и најави дека САД би можеле да испратат втор носач на авиони на Блиски Исток, покрај веќе присутниот „Абрахам Линколн“.

    Трамп се закани со напади врз Иран доколку не се постигне договор, додека Техеран вети дека ќе возврати, поттикнувајќи стравувања од поширока војна на Блиски Исток.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира