КИМ ЏОНГ УН ЈА СПРЕМА ЌЕРКА МУ ЗА СВОЈА НАСЛЕДНИЧКА, ВЕЛИ ЈУЖНА КОРЕЈА, СЕ ВЕРУВА ДЕКА ИМА 13 ГОДИНИ

    КИМ ЏОНГ УН ЈА СПРЕМА ЌЕРКА МУ ЗА СВОЈА НАСЛЕДНИЧКА, ВЕЛИ ЈУЖНА КОРЕЈА, СЕ ВЕРУВА ДЕКА ИМА 13 ГОДИНИМалку се знае за Ким Џу Ае, која во изминатите месеци го придружуваше татко ѝ на важни настани (Фото: КЦНА)

    Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја избрал ќерка му за своја наследничка, соопшти Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја (НРС).

    Малку се знае за Ким Џу Ае, која во изминатите месеци беше снимена како го придружува татко ѝ на важни настани, како посета на Пекинг во септември.

    НРС кажа дека при донесувањето на својата проценка зела предвид низа околности, вклучувајќи го и нејзиното сè поизразено присуство на официјални настани. Оттаму велат дека внимателно ќе следат дали Џу Ае ќе присуствува на партискиот конгрес подоцна овој месец, што е најголемиот политички настан во Северна Кореја, што се одржува еднаш на пет години.

    Џу Ае е единственото познато дете на Ким Џонг Ун и неговата сопруга Ри Сол Џу. НРС верува дека Ким има и постар син, што никогаш било потврдено.

    Веста за постоењето на Џу Ае прв ја прошири американскиот кошаркар Денис Родман, кој откри за весникот „Гардијан“ во 2013 дека „го држел бебето Џу Ае“ за време на патувањето во Северна Кореја.

    Џу Ае, за која се верува дека има 13 години, првпат се појави на државната телевизија во 2022. Тогаш беше прикажана како ја проверува најновата интерконтинентална балистичка ракета на Северна Кореја, држејќи го за рака татко ѝ. Често се гледа со долга коса, што е забрането за нејзините врсници и носи дизајнерска облека, која е недостапна за повеќето во нејзината земја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира