ПО 16 ГОДИНИ БЕГСТВО, ОСУДЕН СЛОВАК УАПСЕН КОГА ДОШОЛ ДА ЈА ГЛЕДА СЛОВАЧКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО ХОКЕЈ НА ОЛИМПИЈАДАТА ВО МИЛАНО

    ПО 16 ГОДИНИ БЕГСТВО, ОСУДЕН СЛОВАК УАПСЕН КОГА ДОШОЛ ДА ЈА ГЛЕДА СЛОВАЧКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО ХОКЕЈ НА ОЛИМПИЈАДАТА ВО МИЛАНОЧовекот не успеа да го види првиот натпревар на кој словачкиот хокеарски тим ја победи Финска со убедливи 4-1 на арената „Сантаџулија“ во Милано на 11 февруари. (Фото: АП)

    Словачки бегалец, кој бил во бегство 16 години, конечно беше уапсен кога се појави во Милано за да ја поддржи својата државна репрезентација за хокеј на мраз на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, соопшти вчера полицијата. 44-годишниот маж, чие име не беше објавено, беше баран од италијанските власти за серија кражби извршени во 2010.

    Карабињерите успеаја да го пронајдат и уапсат човекот пред 3 дена откако се пријавил во камп во предградието на Милано, благодарение на автоматско предупредување од рецепцијата на кампот. Бегалецот потоа беше однесен во затворот Сан Виторе во Милано за да ја отслужи казната од 11 месеци и 7 дена, според карабињерите, воена полиција на Италија.

    Човекот не успеа да го види првиот натпревар на кој словачкиот хокеарски тим ја победи Финска со убедливи 4-1 на арената „Сантаџулија“ во Милано на 11 февруари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира