ПОПЛАВА ВО ЛУВР ОШТЕТИ ГАЛЕРИЈА СО ИТАЛИЈАНСКИ И ФРАНЦУСКИ СЛИКИ ОД 19. ВЕК

    ПОПЛАВА ВО ЛУВР ОШТЕТИ ГАЛЕРИЈА СО ИТАЛИЈАНСКИ И ФРАНЦУСКИ СЛИКИ ОД 19. ВЕКПоплавата се случила во крилото Денон, каде што се наоѓа голема колекција на италијански и француски слики. (Фото: ДПА)

    Уште една поплава оштети галерија во Музејот Лувр во Париз, нов проблем на листата со неговите неодамнешни проблеми, соопшти вчера музејот, неколку дена по апсењето на повеќе лица осомничени за измама со милиони приходи од билети. Поплавата се случила во крилото Денон, каде што се наоѓа голема колекција на италијански и француски слики.

    Слика на таванот од 1819 година претрпела оштетување од вода во текот на ноќта поради неисправна цевка од системот за греење во службена просторија. На таванот се забележуваат пукнатини и излупена боја, а во тек е подетална проценка на уметничкото дело откако истекувањето било запрено. Засегнатите простории засега остануваат затворени.

    Пред околу два месеца, поплава во библиотеката на египетски антиквитети оштети книги и документи.

    Лувр во последните месеци повеќепати се најде во фокусот на јавноста. Во октомври, накит во вредност од 88 милиони евра беше украден во спектакуларна кражба сред бел ден. Во декември, стотици вработени во музејот одржаа штрајк во знак на протест поради недостиг на персонал, недоволни ресурси и состојбата на објектот.

    На 12 февруари, Јавното обвинителство соопшти дека туристички водичи и двајца вработени во Лувр се меѓу деветте лица уапсени на 10 февруари поради сомнеж за измама со билети за која се смета дека траела повеќе од една деценија. Лувр проценува дека штетата предизвикана од измамата изнесува повеќе од 10 милиони евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира