СКОПЈАНЕЦ ЈА ТЕПАЛ И ДАВЕЛ БРЕМЕНАТА ДЕВОЈКА, ГО УБЕДИЛА ДА ОДАТ НА ЛЕКАР И ИЗБЕГАЛА ОД КОЛАТА НА СЕМАФОР

    СКОПЈАНЕЦ ЈА ТЕПАЛ И ДАВЕЛ БРЕМЕНАТА ДЕВОЈКА, ГО УБЕДИЛА ДА ОДАТ НА ЛЕКАР И ИЗБЕГАЛА ОД КОЛАТА НА СЕМАФОРОсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишникот за Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. (Фото: К. Попов)

    Скопјанец (52) ја тепал и давел 32-годишна вонбрачна партнерка која била бремена во втор месец, по што Основното јавно обвинителство  (ОЈО) Скопје поведе постапка против него за Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    Осомничениот, во домот на улицата Рајко Жинзифов физички ја нападнал бремената жена и во расправијата почнал да ја удира со тупаници и шлаканици, нанесувајќи ѝ гребаници, отоци и хематоми на главата и телото.

    „Оштетената почнала силно да вика и да бара помош со намера да слушнат соседите и да повикаат полиција, но колку посилно викала толку осомничениот станувал поагресивен и посилно ја удирал, а во еден момент со намера да ја замолчи ја притиснал со раце на вратот. Жртвата, за да се спаси и да излезе од домот, го убедила осомничениот да одат на гинеколог за да направат ЕХО преглед и да го видат бебето. Кога со автомобилот тргнале кон матичниот гинеколог и осомничениот застанал на семафорите на булеварот ‘Св. Климент Охридски’, оштетената успеала да избега од возилото и влегла во кафуле за да побара помош. Од човек кој седел во кафулето позајмила мобилен телефон и веднаш пријавила во полиција“, соопшти ОЈО Скопје.

    Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост  – обврска осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетената.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира