ЕВАКУИРАНИ 220 ЛИЦА ПО ПОПЛАВИТЕ ВО КИЧЕВО, СМЕСТЕНИ СЕ ВО СПОРТСКАТА САЛА

    ЕВАКУИРАНИ 220 ЛИЦА ПО ПОПЛАВИТЕ ВО КИЧЕВО, СМЕСТЕНИ СЕ ВО СПОРТСКАТА САЛАНајмногу поплавени објекти има на улицата Прилепска Кичево.(Фото: СДК.МК)

    Поради поплавите во Кичево евакуирани се 220 лица кои се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Најмногу поплавени објекти има на улицата Прилепска. На улицата 29 Ноември во населбата Подварош се поплавени подруми во повеќе куќи. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево.

    Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека е организирана достава на храна и вода за загрозените лица со поддршка на Црвениот крст, а на терен активно работат екипи од полицијата, комуналното претпријатие и противпожарната служба.

    Во Полошкиот Регион, во Гостивар, екипи на противпожарната служба интервенирале во текот на целата ноќ поради обилните врнежи. Најкритична состојба е регистрирана во селото Форино кое е најпогодено од поплавите. Поплавени се и земјоделски површини во селата Чајле, Турчане, Врапчиште и Беловиште.

    Во Североисточниот Регион, во Општина Липково, во дел од селото Опае поплавени се земјоделски површини поради излевање на Слупчанска Река, при што засега нема пријавени материјални штети. Поплавени земјоделски површини има и во селото Оризаре. Во Куманово, во селото Доброшане на локацијата Шупли Камен, кај мостот на Кумановска Река има насобрани пластични шишиња, но засега нема опасност од излевање на реката.

    Во Скопскиот Регион, во Општина Сарај состојбата е мирна и се следи, додека во Општина Зелениково има минимално излевање на реката Вардар кај селата Пакошево и Ново Село без непосредна опасност. Во Југоисточниот Регион, во Струмица, засега нема пријавени штети од врнежите од дожд. Пријавен е одрон кај селото Суви Лаки кон Берово за шшто се известени надлежните служби. Во Источниот Регион, во Пробиштип, регистриран е прекин во снабдувањето со електрична енергија во селата Долни и Горни Стубол и екипи на ЕВН работат на отстранување на дефектот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира