ИМА ПРОПУСТИ ВО ГРАДБАТА И ФИНАНСИСКИ ПРЕЧЕКОРУВАЊА, РЕКОА ВЕШТАЦИТЕ НА ОДБРАНАТА НА СУДЕЊЕТО ЗА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ ТЕАТАР И БИБЛИОТЕКАТА ВО ТЕТОВО

    ИМА ПРОПУСТИ ВО ГРАДБАТА И ФИНАНСИСКИ ПРЕЧЕКОРУВАЊА, РЕКОА ВЕШТАЦИТЕ НА ОДБРАНАТА НА СУДЕЊЕТО ЗА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ ТЕАТАР И БИБЛИОТЕКАТА ВО ТЕТОВОСпоред обвинителниот акт, Шашивари како првообвинет и правното лице како второобвинето се товарат за кривичното дело Злоупотреби во постапката за јавни набавки, Фазлиу и Арслани се товарат за Злоупотреба на службената положба и овластување, а Муча за Несовесно работење. (Фото: СДК.МК)

    Во Основниот суд во Тетово продолжи судењето за злоупотребите при изградбата на новиот театар и библиотеката во Тетово. На обвинителната клупа се Сејди Шашивари, сопственик и управител на правното лице од Тетово „Урбан план констракшн“, самото правно лице, Хаки Фазлиу, тогашен директор на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ од Тетово, Артан Арслани, претседател на Комисијата за јавни набавки и потоа в. д. директор на Центарот за култура и Бајрам Муча како главен надзорен инженер во правното лице ангажирано како надзорен орган при спроведувањето на договорот за јавна набавка од 2015 до 2020 година.

    Според обвинителниот акт, Шашивари како првообвинет и правното лице како второобвинето се товарат за кривичното дело Злоупотреби во постапката за јавни набавки, Фазлиу и Арслани се товарат за Злоупотреба на службената положба и овластување, а Муча за Несовесно работење.

    Денеска беа сослушани вештите лица предложени од Обвинителството кои подготвија Наод и Мислење за економскиот и градежниот дел во изградбата на новиот театар и библиотека во Тетово.

    Вештачењето е направено по барање на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Во економскиот дел вештите лица Гордана Анѓелковска и Кире Костов се изјаснија дека во целост остануваат на изнесеното во Наодот и Мислењето што го изнеле во извештајот. Според нив, во изградбата на објектот, во економскиот дел, имало пречекорувања во начинот и висината на исплатата на парите поврзано со пресметката на ДДВ.

    Исто така на барање на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција вешт наод бил подготвен и за градежниот дел од изградбата на новиот театар и библиотека. Вештото лице Дивна Станчева изјави дека останува во целост по изготвениот Наод и Мислење направен за градежниот дел од изградбата на објектот. Таа одговараше и на повеќе прашања поставени од адвокатите на обвинетите каде посочи дека имало измени и надополнувања на Проектот и дека немало Проект на изведената работа, но дека во градежниот дел нема некои посериозни пропусти.

    Судењето продолжува на 16 март 2026  кога пред судот наодите ќе ги презентираат вештите лица на одбраната.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира