УАПСЕН БИВШИОТ БРИТАНСКИ АМБАСАДОР ВО САД ПИТЕР МАНДЕЛСОН ПОРАДИ ВРСКИТЕ СО ЕПСТИН

    УАПСЕН БИВШИОТ БРИТАНСКИ АМБАСАДОР ВО САД ПИТЕР МАНДЕЛСОН ПОРАДИ ВРСКИТЕ СО ЕПСТИНМанделсон споделувал информации со Епстин кога бил министер во владата на Гордон Браун во 2009 (Фото: АП)

    Поранешниот британски амбасадор во САД, Питер Манделсон, е уапсен од лондонската полиција под сомнение за злоупотреба на јавна функција, што е поврзано со неговите врски со сексуалниот престапник и педофил Џефри Епстин.

    Седумдесет и двегодишниот Манделсон беше сменет од најпрестижната позиција во британската дипломатска служба во септември, кога длабочината на неговото пријателство со Епстин почна да станува јасна. Скандалот со Манделсон ја загрози и премиерската функција на Кир Стармер, кој призна дека знаел за неговите врски со Епстин кога го назначил за амбасадор.

    Полицијата претходно овој месец започна кривична истрага против Манделсон откако владата на Стармер ги објави комуникациите помеѓу поранешниот амбасадор и Епстин.

    Е-пораките помеѓу Манделсон и Епстин, објавени од Министерството за правда на САД кон крајот на јануари, покажаа дека тие имале поблизок однос одошто беше јавно познато, а Манделсон споделувал информации со финансиерот кога бил министер во владата на Гордон Браун во 2009. Манделсон неодамна поднесе оставка од својата позиција во горниот дом на британскиот парламент.

    Минатата недела, и помладиот брат на кралот Чарлс, Ендрју Маунтбатен-Виндзор, беше уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција. Тој се обвинува дека му испраќал доверливи владини документи на Епстин додека бил трговски претставник на Велика Британија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира