УАПСЕН НАСТАВНИК ОД СРЕДНОТО УМЕТНИЧКО УЧИЛИШТЕ ВО СКОПЈЕ ПОРАДИ СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА УЧЕНИЧКА

    УАПСЕН НАСТАВНИК ОД СРЕДНОТО УМЕТНИЧКО УЧИЛИШТЕ ВО СКОПЈЕ ПОРАДИ СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА УЧЕНИЧКАСВР Скопје постапило по пријава од 18-годишна ученичка (Фото: СДК.МК)

    СВР Скопје објави дека е уапсен наставник од средно училиште во Скопје поради вознемирување на 18-годишна ученичка од која барал да имаат сексуални односи. Како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, станува збор за наставник од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, кого ученички го пријавиле кај директорот, по што бил суспендиран и била поднесена пријава во полиција.

    „На 9 март 2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачјето на Општина Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.2.2026 до 2.3.2026 вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи“, соопшти МВР.

    Оттаму додаваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира