РАКЕТИРАНА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ИРАК ПО БОМБАРДИРАЊЕТО НА ИРАНСКИОТ ОСТРОВ КАРГ ОД СТРАНА НА САД

    РАКЕТИРАНА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ИРАК ПО БОМБАРДИРАЊЕТО НА ИРАНСКИОТ ОСТРОВ КАРГ ОД СТРАНА НА САДНападот на ам,ериканската амбасада се случил кратко откако двајца борци поддржани од Иран биле убиени во напади во главниот град на Ирак. (Фото: Икс/принтскрин од видео)

    Чад се издига над американската амбасада во Багдад по напад врз објектот во ирачкиот главен град. Агенциите Ројтерс и Асошиејтед прес јавуваат дека во амбасадата удрил проектил, додека АФП пренесува извори според кои штетата е предизвикана од напад со дрон. Нападот се случил кратко откако двајца борци поддржани од Иран биле убиени во напади во главниот град на Ирак.

    Набргу по качувањето во претседателскиот авион за Флорида, американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа „Трут соушл“ дека војската на САД го бомбардирала иранскиот остров Карг. Трамп објасни дека Централната команда на САД извршила една од најмоќните бомбардирања во историјата на Блискиот Исток и целосно ги уништила сите воени цели на островот.

    Тој наведува дека во овој напад не е таргетирана нафтената инфраструктура на островот, но дека веднаш ќе ја преиспита таквата одлука доколку Иран или кој било друг го попречи слободното и безбедно движење на бродовите низ Ормушкиот Теснец.

    Како одговор на ова, иранската војска соопшти дека нафтената и енергетската инфраструктура на компаниите кои соработуваат со САД веднаш ќе биде уништена и претворена во пепел доколку бидат нападнати нивните енергетски објекти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира