Украина прифати финансиска и техничка поддршка од Европската Унија за да се поправи гасоводот „Дружба“, низ кој Унгарија и Словачка добиваат нафта од Русија. Договорот следува два дена пред средбата на лидерите на ЕУ во Брисел и би можел да ги намали тензиите со Унгарија, која се закани дека ќе ја блокира помошта од 90 милијарди евра за Украина.
„ЕУ ѝ понуди на Украина техничка поддршка и финансирање. Украинците ја поздравија и прифатија оваа понуда. Европските експерти се достапни веднаш“, изјавија претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и шефот на Европскиот совет, Антонио Коста.
Володимир Зеленски потврди дека Киев го поддржал планот за завршување на поправките и за пронаоѓање долгорочни решенија.
Нафтоводот не е во функција од јануари, кога, според Украина, бил оштетен од руски дронови. што го прекина протокот на нафта. Унгарија ја обвини Украина дека одолговлекува со поправката на нафтоводот и постојано бараше од Комисијата да испрати техничари за да го проценат нивото на штета. Украина инсистираше дека поправките се во тек и дека локацијата е премногу опасна за инспекција.



