ОШТЕТЕН РУСКИ ТАНКЕР ПЛОВИ БЕЗ КОНТРОЛА НИЗ СРЕДОЗЕМНОТО МОРЕ И МОЖЕ ДА ЕКСПЛОДИРА ВО СЕКОЈ МОМЕНТ, ВЕЛИ ИТАЛИЈА

    ОШТЕТЕН РУСКИ ТАНКЕР ПЛОВИ БЕЗ КОНТРОЛА НИЗ СРЕДОЗЕМНОТО МОРЕ И МОЖЕ ДА ЕКСПЛОДИРА ВО СЕКОЈ МОМЕНТ, ВЕЛИ ИТАЛИЈАТанкерот беше тешко оштетен во наводен напад со дрон близу водите на Малта минатиот месец (Фото: АФП)

    Санкциониран руски танкер наполнет со течен природен гас плови без контрола и без посада во Средоземното Море, а поради дупка на една од страните постои сериозен ризик од голема еколошка катастрофа. Италија, една од деветте членки на ЕУ кои побараа итна акција од Европската комисија, го опиша бродот „Арктик Метагаз“ како еколошка бомба која може да пукне во секој момент.

    Танкерот, кој е дел од руската флота во сенка, беше тешко оштетен во наводен напад со дрон близу водите на Малта минатиот месец. Русија ја обвини Украина за овој напад, но Киев досега нема преземено одговорност.

    Арктик Метагаз“ сега плови на југ кон Либија, подалеку од италијанските води, додека властите на Италија и Малта го следат неговото движење.

    Ризиците се огромни, танкерот може да експлодира во секој момент. Тој превезува значајни количини течен природен гас, но на него имало и 450 тони мазут и 250 тони дизел“, изјави Алфредо Мантовано, секретарот на италијанскиот Совет на министри.

    Бродот испловил од руското пристаниште Мурманск во февруари и се запалил во почетокот на март, што Русија го опиша како терористички напад изведен од Украина. Киев вели дека руските танкери во сенка се легитимни мети затоа што се користат за избегнување санкции и за финансирање на војната во Украина. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира