13-ГОДИШНАТА ЌЕРКА НА КИМ ЏОНГ УН СНИМЕНА КАКО ВОЗИ ТЕНК

    13-ГОДИШНАТА ЌЕРКА НА КИМ ЏОНГ УН СНИМЕНА КАКО ВОЗИ ТЕНКЈу Ае често се појавува во јавност со татко ѝ во последно време (Фото: АП)

    Малолетната ќерка на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вози тенк со татко ѝ седнат позади неа на фотографии објавени од државната новинска агенција „КЦНА“.

    Ју Ае, за која се верува дека има околу 13 години, често се појавува во јавност со татко ѝ во последно време, па аналитичарите сметаат дека таа би можела да го наследи на чело на државата. Севернокорејските државни медиуми ја нарекоа „најомилено“ и „најпочитувано“ дете на Ким Џонг Ун и објавија низа снимки и фотографии што укажуваат на нивна блискост.

    На најновите фотографии, таа е прикажана како гледа од кабината на возачот, додека нејзиниот насмеан татко и тројца воени офицери седат на тенкот.

    Позицијата на девојката јасно покажува дека таа го вози оклопното возило. Таа вози право со мала брзина. Лесно е да се возат модерни тенкови и мислам дека ѝ било уште полесно да вози бидејќи била на рамен терен“, рече Ли Илву, експерт од Корејската одбранбена мрежа од Јужна Кореја.

    КЦНА“ објави дека Ким претходно надгледувал офанзивна тактичка вежба во која учествувале тенковски единици и пешадиски трупи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира