СЕ БАРА ПРИТВОР ЗА 27-ГОДИШНИКОТ ОД РОСОМАН КОЈ СО НОЖ ЈА УБИЛ МАЈКА СИ НА СПИЕЊЕ И САМ СЕ ПРИЈАВИЛ В ПОЛИЦИЈА

    СЕ БАРА ПРИТВОР ЗА 27-ГОДИШНИКОТ ОД РОСОМАН КОЈ СО НОЖ ЈА УБИЛ МАЈКА СИ НА СПИЕЊЕ И САМ СЕ ПРИЈАВИЛ В ПОЛИЦИЈАМажот е осомничен за убиство за кое е предвидено казна од 10 години до доживотен затвор; - Убиството се случи во семејната куќа. (Фото: СДК.МК)

    Обвинителството бара притвор за 27-годишник од Росоман, Кавадарчко кој ја убил мајка си додека спиела и сам се пријавил. Убиството се случило утрово во семејната куќа, а во тој момент таткото на убиецот бил на работа. Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци отвори истрага, а мажот е осомничен за убиство, согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, за кое е предвидено казна од 10 години до доживотен затвор.

    „Осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка. Додеката жената спиела во една од собите, тој ја прободел со кујнски нож во вратот, нанесувајќи ѝ смртоносни повреди“, вели Обвинителството.

    Обвинител побарал обдукција на починатата 54-годишна жена, а за убиецот психијатриско вештачење. Полицијата соопшшти дека тој утрото во 07:30ч сам се пријавил во полиција.

    „На 30 март околу 07:00 часот во семејниот дом, поради претходно нарушени семејни односи, пријавениот со употреба на остар предмет ѝ нанел убодни рани во пределот на вратот на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала на местото“, соопшти портпаролката на СВР Велес Ана Милевска-Ѓеоргиева.

    Во полицискиот билтен е заведено дека на 14 август 2023, таткото на убиецот пријавил дека синот ги нападнал него и сопругата во нивниот дом каде живееле сите тројца, агресивно се однесувал, кршел предмети. По интервенција на полицијата тој бил пренесено во Кавадаречката болница, а следниот ден по нивно барање бил упатен на лечење во Психијатриска болница Негорци. Во меѓувреме, таткото ја повлекол изјавата за семејно насилство извршено од синот.

    Ова е трето убиство во земјава за шест дена. На 25 март во Охрид беше убиен сопственик на угостителски објект, на 28 март беше пронајден застрелан ловочувар во близина на Виница.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира