Доналд Трамп реагираше откако во јавноста се појавија фетиш фотографии од сопругот на поранешната министерка за внатрешна безбедност Кристи Ноем, на кои е прикажан облечен како жена додека комуницира со неколку жени. Фотографиите се дел од стотици пораки помеѓу Брајон Ноем и три жени, до кои дојде весникот „Дејли мејл“.
Брајон, кој е татко на три деца, на фотографиите може да се види во секси розова долна облека и тесни маици, под кои има огромни, вештачки гради. Тие се дел од фетиш наречен бимбофикација, кој се фокусира на хиперсексуален, преувеличен физички изглед. Лицето на Брајон Ноем е јасно видливо на некои фотографии.
Трамп изјави дека не ги видел фотографиите, но и дека е изненаден што семејството Ноем ја потврдило нивната автентичност.
„Го потврдија тоа? Жал ми е за семејството ако е така, тоа е штета. Не сум видел ништо. Не знам ништо за тоа“, рече Трамп.
Портпаролот на Кристи Ноем изјави дека таа е скршена од ова откритие.
„Семејството беше изненадено од ова и во овој момент бара приватност и молитви“, рече портпаролот.
Иако двојката е во брак повеќе од 30 години, „Фокс њуз“ претходно објави за наводна афера помеѓу Кристи Ноем и нејзиниот советник Кори Левандовски, што придонесе за нејзиното отпуштање од функцијата во Министерството за здравство.




