РУСКАТА АРМИЈА РЕЧИСИ И ДА НЕ ЗАБЕЛЕЖА ТЕРИТОРИЈАЛНО НАПРЕДУВАЊЕ ВО УКРАИНА ЗА ПРВПАТ ПО 2023 ГОДИНА

    РУСКАТА АРМИЈА РЕЧИСИ И ДА НЕ ЗАБЕЛЕЖА ТЕРИТОРИЈАЛНО НАПРЕДУВАЊЕ ВО УКРАИНА ЗА ПРВПАТ ПО 2023 ГОДИНАво одредени делови од фронтот руските сили дури и изгубиле претходно заземени позиции. (Фото: Телеграм)

    Руската војска во текот на месец март забележала најмало територијално напредување на фронтот во Украина во последните две и пол години. Според анализата на податоците од Институтот за студии на војната (ISW), кои ги обработи агенцијата Франс прес, руските сили во овој период успеале да заземат само 23 квадратни километри територија.

    Оваа бројка претставува значителен пад во споредба со претходните месеци. Во јануари годинава руското напредување изнесувало 319 квадратни километри, додека во февруари паднало на 123 квадратни километри. Во март резултатот е најнизок од септември 2023 година, а во одредени делови од фронтот руските сили дури и изгубиле претходно заземени позиции. Во анализата не се вклучени инфилтрационите операции зад линијата на фронтот, ниту напредокот што го тврди Москва, а кој не е потврден од независни извори.

    Забавувањето на офанзивата, кое е видливо од крајот на 2025 година, во голем дел е последица на локализираните украински контраофанзиви во југоисточниот дел на земјата. Експертите од ISW посочуваат дека дополнителни фактори за ваквата состојба се и внатрешните одлуки на руските власти. Меѓу нив се забраната за користење на терминалите „Старлинк“ во Украина, како и рестрикциите за пристап до апликацијата „Телеграм“.

    Оваа платформа е масовно користена од руските војници за комуникација, но нејзината употребливост е сериозно ограничена поради блокадите наметнати од Кремљ.

    На теренот, слична е ситуацијата како и во февруари, каде Русија продолжува да губи позиции на јужниот сектор на линијата на разграничување, особено во појасот меѓу регионите Доњецк и Днепропетровск.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира