ТРАМП МУ СЕ ЗАКАНИ НА ИРАН СО УНИШТУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРАТА АКО НЕ ГО ОТВОРИ ОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ ДО ВТОРНИК

    ТРАМП МУ СЕ ЗАКАНИ НА ИРАН СО УНИШТУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРАТА АКО НЕ ГО ОТВОРИ ОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ ДО ВТОРНИКТрамп напиша дека иранските власти и граѓани ќе „живеат во пекол“ доколку преминот остане затворен. (Фото: ДПА)

    Американскиот претседател Доналд Трамп упати жестоки закани до Иран преку својата платформа „Трут соушл“, барајќи итно отворање на стратешкиот Ормутски теснец. Тој наведе дека доколку овој клучен морски пат не биде прооден до неговиот претходно поставен рок во понеделник, Иран ќе се соочи со напади врз цивилната инфраструктура.

    Трамп напиша дека иранските власти и граѓани ќе „живеат во пекол“ доколку преминот остане затворен. Ормутскиот теснец е практично блокиран од крајот на февруари по избувнувањето на војната, што предизвика сериозни прекини во глобалниот транспорт.

    Во својата објава, која содржи и пцости, Трамп посочи дека веќе се избрани целите за евентуалните воени дејствија.

    „Вторник во Иран ќе биде ден за енергетски централи и за мостови, сето тоа заедно. Нема да има ништо слично на тоа! Отворете го ебениот теснец, луди копилиња, или ќе живеете во пекол – само гледајте! Слава му на Алах“, стои во објавата на американскиот претседател.

    Ова е последно во низата предупредувања од Белата куќа до Техеран, во период кога меѓународната заедница со загриженост го следи развојот на настаните во регионот и ескалацијата на воените закани. Трамп претходно постави ултиматум до иранските власти кој истекува в понеделник, по што, според неговите најави, ќе следуваат напади врз витални објекти во државата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира