Доналд Трамп изјави дека односите помеѓу САД и Северна Кореја се многу добри зашто тој му се допаѓа на Ким Џонг Ун. Зборувајќи на прес-конференција во Белата куќа, Трамп откри и дека Ким имал многу лошо мислење за бившиот американски претседател Џо Бајден, кого го нарекувал „ретардиран“.
„Ким знаеше да каже за Бајден дека е ментално ретардирана личност. Тој беше многу гаден кон Џо, беше ужасно. Од другата страна, тој кажа многу убави работи за мене, тој го сака Трамп“, кажа американскиот претседател.
Трамп се сретна со Ким трипати за време на неговиот прв мандат од 2017 до 2021, еднаш и во корејската Демилитаризирана зона.
„Имаме 45.000 војници во Јужна Кореја за да не штитат од Ким Џонг Ун, но јас многу добро се согласувам со него“, рече Трамп.
Овие коментари на Трамп се последните во долгата низа лични напади врз менталното здравје на 83-годишниот Бајден. Трамп во предизборната кампања кажа дека Бајден страда од „сериозен когнитивен пад“ и тврдеше дека не знае што зборува



