ЦЕЛА ЦИВИЛИЗАЦИЈА ЌЕ УМРЕ ВЕЧЕРВА АКО НЕ СКЛУЧИМЕ ДОГОВОР, КАЖА ТРАМП, ИРАН НАЈАВИ ЖЕСТОКА ОДМАЗДА

    ЦЕЛА ЦИВИЛИЗАЦИЈА ЌЕ УМРЕ ВЕЧЕРВА АКО НЕ СКЛУЧИМЕ ДОГОВОР, КАЖА ТРАМП, ИРАН НАЈАВИ ЖЕСТОКА ОДМАЗДАТрамп се закани дека потоа во рок од четири часа ќе ги уништи сите ирански електрани и мостови (Фото: АП)

    Доналд Трамп предупреди дека цела цивилизација ќе умре вечерва и никогаш нема да се поврати, упатувајќи му досега најсериозна закана на Иран, додека истекува американскиот ултиматум за склучување договор и отворање на Ормускиот Теснец,

    Не сакам да се случи тоа, но веројатно ќе се случи. Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што превладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, кој знае? Ќе дознаеме вечерва. Еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт, конечно ќе завршат. Бог да ги благослови големите луѓе на Иран“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

    Крајниот рок за исполнување на барањата на Трамп треба да истече ноќва во еден часот по средноевропско време. Трамп се закани дека потоа во рок од четири часа ќе ги уништи сите ирански електрани и мостови.

    Американските сили денеска повторно го нападнаа стратешки важниот остров Харг, низ кој минуваат 90% од иранскиот извоз на нафта. Еден американски функционер изјави дека не била гаѓана нафтената инфраструктура.

    Иранската Исламска револуционерна гарда кажа дека досега покажала значајна воздржаност и внимателно избирала мети за одмазда против САД и нивните регионални партнери.

    „Од овој момент, па натаму, веќе нема да има такви размислувања. Ако американската војска ги премине црвените линии, нашиот одговор ќе оди подалеку од регионот. Ќе биде насочен кон инфраструктурата на САД и нивните партнери и ќе ги наруши регионалните снабдувања со нафта и гас со години“, соопшти гардата.

    Иран вчера го отфрли американскиот предлог за итен прекин на огнот и укинување на блокадата на Теснецот, по што би следеле разговори за поширок мировен договор во рок од 15 до 20 дена. Место тоа, Иран инсистира на целосен и траен крај на непријателствата и на укинување на санкциите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира