ВЕНС ГО ПОСЕТИ ОРБАН ЗА ДА МУ ДАДЕ ПОДДРШКА, МАЃАР ГО ОБВИНИ ЗА МЕШАЊЕ ВО ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА

    ВЕНС ГО ПОСЕТИ ОРБАН ЗА ДА МУ ДАДЕ ПОДДРШКА, МАЃАР ГО ОБВИНИ ЗА МЕШАЊЕ ВО ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈАВенс ја нападна Европската Унија дека се меша во изборите во Унгарија (Фото: Фејсбук)

    Лидерот на унгарската опозиција Петер Маѓар ги обвини САД за мешање во претстојните парламентарни избори во Унгарија откако американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс пристигна во Будимпешта за да му даде поддршка на премиерот Виктор Орбан.

    Ниедна држава не смее да се меша во изборите во Унгарија. Ова е наша земја. Унгарската историја не се испишува во Вашингтон, Москва или во Брисел“, напиша Маѓар на Икс.

    Венс дојде во Унгарија за да разговара со Орбан и да одржи говор на јавен настан, што унгарската влада го опиша како знак на продлабочување на односите помеѓу двете земји.

    Стоејќи покрај Орбан, Венс кажа дека дошол да му помогне во кампањата, но нагласи дека САД ќе соработуваат со секого што ќе победи на изборите. На пет дена до гласањето, Фидес на Орбан значајно заостанува во анкетите зад Тиса на Маѓар.

    По средбата со Орбан, Венс ги нападна Европската Унија и Украина.

    ЕУ е еден од најлошите примери за странско мешање во избори што некогаш сум го видел или за кој сум читал, и тоа само затоа што го мразат овој човек. Мешањето што доаѓа од бирократијата во Брисел е навистина срамно. Нема да им кажувам на луѓето во Унгарија како да гласаат. Би ги охрабрил и бирократите во Брисел да го сторат истото“, рече Венс.

    Владата на Доналд Трамп со сите сили се обидува да му помогне на Орбан. Претходно, и државниот секретар Марко Рубио ја посети Унгарија, а Трамп јавно го поддржа Орбан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира