САД И ИРАН ГИ ПРОДОЛЖУВААТ МИРОВНИТЕ РАЗГОВОРИ ВО ПАКИСТАН, ТРАМП ОБЈАВИ ДЕКА СЕ РАСЧИСТУВА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ ОД МИНИ

    САД И ИРАН ГИ ПРОДОЛЖУВААТ МИРОВНИТЕ РАЗГОВОРИ ВО ПАКИСТАН, ТРАМП ОБЈАВИ ДЕКА СЕ РАСЧИСТУВА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ ОД МИНИЏеј-Ди Венс ја предводи американската делегација (Фото: АП)

    САД и Иран го завршија првиот круг директни мировни разговори во Пакистан, додека Доналд Трамп објави дека американската војска го расчистува Ормускиот Теснец од мини. Разговорите во Исламабад се првата директна средба на САД и Иран по повеќе од една деценија и први на највисоко ниво од Исламската револуција во 1979 година.

    Според медијаторот Пакистан, потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, разговараа со претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Калибаф и министерот за надворешни работи Абас Арагчи два часа пред паузата.

    Имаше промени во расположението од двете страни, а температурата се зголемуваше и паѓаше за време на состанокот“, рече еден пакистански извор за првата рунда разговори.

    Функционер од Белата куќа кажа дека разговорите продолжуваат и вечерва.

    И покрај разговорите, заемната недоверба останува на високо ниво.

    Ќе преговараме со прстите на чкрапалото. Иако сме отворени за разговори, исто така сме целосно свесни за недостатокот на доверба. Затоа дипломатскиот тим на Иран влегува во овој процес со максимална претпазливост“, изјави портпаролот на иранската влада Фатемех Мохаџерани.

    За тоа време, американската војска соопшти дека два нејзини разурнувача поминале низ Ормускиот Теснец денеска, со цел да го расчистат морето од мини поставени од Иран.

    Го започнуваме процесот на чистење на Ормускиот Теснец како услуга за земјите од целиот свет“, кажа Доналд Трамп.

    Иранските медиуми објавија дека Теснецот останува една од главните точки на несогласување во преговорите, додавајќи дека тие продолжуваат и покрај претераните американски барања. Покрај контролата врз Теснецот, Иран бара и укинување на санкциите и деблокада на замрзнатите милијарди во светските банки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира