ЗАПАЛЕНИ КОНТЕЈНЕРИТЕ ВО ДВОРОТ НА МЕДИЦИНСКОТО УЧИЛИШТЕ ВО БИТОЛА, ОГНОТ ОШТЕТИ И ДЕЛ ОД ФАСАДАТА

    ЗАПАЛЕНИ КОНТЕЈНЕРИТЕ ВО ДВОРОТ НА МЕДИЦИНСКОТО УЧИЛИШТЕ ВО БИТОЛА, ОГНОТ ОШТЕТИ И ДЕЛ ОД ФАСАДАТАУчилиштето вели дека ќе ги преземе сите потребни мерки за целосна санација на штетата и дополнително зајакнување на безбедноста. (Фото: СДК.МК)

    Од запалени контејнери во дворот на Средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола се опожари и дел од фасадата и градежната дрвенарија од задната страна на школото.

    „За време на празничните неработни денови, поточно на 11 април во 1:30 часот по полноќ, беше извршен вандалски чин со палење на контејнерите во дворот на училиштето, при што пожарот се прошири и предизвика оштетување на фасадата на задниот дел на објектот“, соопштија од училиштето.

    Со навремената интервенција на надлежните служби од Противпожарната единица и Министерството за внатрешни работи (МВР), пожарот бил локализиран и спречено негово проширување врз училишниот објект. Случајот е пријавен во полиција и во тек е постапка за откривање и санкционирање на сторителите.

    „Остро го осудуваме овој чин на уништување на јавен имот и апелираме до надлежните институции за брза и ефикасна разрешница. Училиштето ќе ги преземе сите потребни мерки за целосна санација на штетата и дополнително зајакнување на безбедноста“, соопштија од Средното медицинско училиште.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира