Заврши третата по ред зимска школа по уметничко лизгање организирана од страна на Еуролинк Осигурување, преку којашто над 100 деца имаа можност да ги учат основните техники на уметничкото лизгање, соопшти осигурителната компанија.
Годинешната Зимска школа по уметничко лизгање, која традиционално се одржува три недели во март, завчера ја имаше завршната претстава и учесниците покажаа што научиле последните три недели.
Еуролинк заедно со професионалниот тренер по уметничко лизгање Ксенија Јаштшењски Симиќ на сите учесници им додели сертификат за завршената зимска школа по уметничко лизгање со надеж дека љубовта кон овој спорт ќе продолжи преку усовршување на техниките, а можеби за некои од нив ќе стане професионална определба.
Проектот е организиран во рамките на корпоративната платформа за општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“.