ЗЕМЈОТРЕС ОД 7,5 СТЕПЕНИ РЕГИСТРИРАН ВО ВОДИТЕ ПОКРАЈ ЈАПОНИЈА, ИЗДАДЕНА ТРЕВОГА ЗА ЦУНАМИ

    ЗЕМЈОТРЕС ОД 7,5 СТЕПЕНИ РЕГИСТРИРАН ВО ВОДИТЕ ПОКРАЈ ЈАПОНИЈА, ИЗДАДЕНА ТРЕВОГА ЗА ЦУНАМИВластите кажаа дека цунами брановите би можеле да бидат високи до три метри (Фото: Јапонска метеоролошка агенција)

    Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала ги затресе водите покрај префектурата Ивате во Јапонија, поради што е прогласена тревога за цунами за големи делови од североисточниот брег на земјата. Најголема опасност од цунами постои во Ивате и на островот Хокаидо.

    Епицентарот на земјотресот бил 100 километри од островот Санрику, на длабочина од десет километри. Земјотресот имал јачина 5+ на јапонската сеизмичка скала од нула до седум.

    Јапонската премиерка Санае Такаичи ги советуваше жителите во погодените подрачја да бараат повисоки места. Јапонската метеоролошка агенција кажа дека цунами брановите би можеле да бидат високи до три метри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира