ВЛАДАТА НА ТРАМП ВОВЕДЕ СМРТНИ КАЗНИ СО СТРЕЛАЊЕ И ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛ

    ВЛАДАТА НА ТРАМП ВОВЕДЕ СМРТНИ КАЗНИ СО СТРЕЛАЊЕ И ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛНекои сојузни држави веќе се свртеа кон алтернативни методи на смртна казна (Фото: Гети)

    Американското министерство за правда им наложи на федералните затвори да ги прошират методите за извршување смртни казни, што вклучува стрелање, задушување со гас и електричен стол.

    Ова ќе ја засили смртната казна, спречувајќи ги најварварските злосторства и обезбедувајќи правда за жртвите“, соопшти министерството.

    Претходната администрација стави мораториум на повеќето федерални егзекуции. Пред да ја напушти функцијата, поранешниот претседател Џо Бајден ја укина смртната казна за 37 од 40-те федерални затвореници. Доналд Трамп нареди да се продолжи со нивното извршување на првиот ден по враќањето во Белата куќа.

    Тој е долгогодишен поддржувач на смртната казна. Во неговиот прв мандат беа погубени 13 затвореници.

    Некои сојузни држави веќе се свртеа кон алтернативни методи на смртна казна. Пет држави имаат стрелачки одреди, а Алабама во 2024 стана првата држава која погуби затвореник со азотен гас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира