НА МЕСТОТО НА ПЛАСТЕНИЦИТЕ ПОКРАЈ ВАРДАР ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ КОН ХРОМ ЌЕ СЕ ПРАВИ ПАРК, ЌЕ ЧИНИ 700.000 ЕВРА

    НА МЕСТОТО НА ПЛАСТЕНИЦИТЕ ПОКРАЈ ВАРДАР ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ КОН ХРОМ ЌЕ СЕ ПРАВИ ПАРК, ЌЕ ЧИНИ 700.000 ЕВРАСе предвидува изградба на плоштад, централна фонтана во кружна форма со скулптура, изработка на бина за настани, изградба на трим патека, детско игралиште и зони за рекреација. (Фото: СДК.МК)

    На местото на нивите и пластениците покрај реката Вардар, од фудбалското игралиште во населбата Ѓорче Петров кон Хром, ќе се прави мегапарк. Општина Ѓорче Петров склучи договор со фирмата „Жикол“ од Струмица за изградба на парк, кој ќе чини 700.000 евра.

    Според склучениот договор, објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки, изградбата треба да заврши во рок од 24 месеци. Тендерската документација предвидува изградба на плоштад, централна фонтана во кружна форма со скулптура, изработка на бина за настани, изградба на трим патека, детско игралиште и зони за рекреација.

    „Овој потег, кој е државно земјоште, сега не е урбанизиран. Дел е обраснат со треви и грмушки, а во дел се наоѓаат пластеници. Со проектот се предвидува да се уреди простор од околу 18.000 квадратни метри, со што овој дел од Ѓорче Петров ќе добие сосема нов лик“, вели градоначалникот Александар Стојкоски.

    Изградбата на овој парк беше дел од изборната кампања на Стојкоски за локалните избори во 2025.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира