ТРАМП ЈА ПРАВДАШЕ ИЗГРАДБАТА НА БАЛСКАТА САЛА ВО БЕЛАТА КУЌА ПО ПУКАЊЕТО НА ВЕЧЕРАТА ЗА НОВИНАРИ

    ТРАМП ЈА ПРАВДАШЕ ИЗГРАДБАТА НА БАЛСКАТА САЛА ВО БЕЛАТА КУЌА ПО ПУКАЊЕТО НА ВЕЧЕРАТА ЗА НОВИНАРИТрамп и другите американски високи функционери сѐ уште беа дотерани кога одржаа прес-конференција (Фото: АП)

    Доналд Трамп го искористи пукањето во хотелот „Вашингтон Хилтон“, каде што присуствуваше на годишната вечера на новинари, за да ја оправда изградбата на скапата балска сала во Белата куќа, велејќи дека таа ќе биде далеку побезбедна локација за идни настани.

    Видовме дека хотелот не е особено безбедна зграда. Не сакав да го кажам ова, но затоа мора да ги имаме сите атрибути на она што го планираме во Белата куќа. Всушност, тоа е поголема просторија и е многу побезбедна. Отпорна е на дронови. Има непробојно стакло. Ни треба балската сала. Затоа Тајната служба и војската го бараат тоа“, кажа Трамп на прес-конференцијата по инцидентот.

    За да се направи место за балската сала, Трамп нареди уривање на целата структура на Источното крило на Белата куќа, изградено во 1902 година. Најавено е дека салата ќе чини 250 милиони долари.

    Трамп и другите американски високи функционери не беа повредени откако 31-годишниот Кол Томас Ален упадна во лобито на хотелот и пукаше во агент на Тајната служба, по што беше совладан и уапсен. Како што објави „Си-Би-Ес њуз“, Ален им рекол на властите дека сакал да пука во високи претставници на администрацијата на Трамп. Шефот на полицијата на Вашингтон, Џефри Керол, изјави дека Ален бил вооружен со сачмарка, пиштол и ножеви. Во инцидентот биле испукани меѓу пет и осум куршуми.

    Трамп кажа дека ранетиот агент носел панцир и е во добра состојба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира