БИЉАНА АНГЕЛОВА РЕИЗБРАНА ЗА РЕКТОРКА НА СКОПСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

    БИЉАНА АНГЕЛОВА РЕИЗБРАНА ЗА РЕКТОРКА НА СКОПСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“Вториот мандат на Ангелова ќе трае од 16 септември 2026 до 15 септември 2029; - Ангелова на првиот академски час на 1 октомври 2025. (Фото: К. Попов)

    Проф. д-р Биљана Ангелова е реизбрана за ректорка на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, објави МИА. Ангелова е редовна професорка на Економскиот институт во Скопје.

    Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на УКИМ денеска од 12 до 14 часот со тајно гласање избираше меѓу двајцата кандидати за нов ректор, професорите: Биљана Ангелова и Дарко Данев, редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје. Ангелова, како што се вели во Записникот, освоила 2.924 поени, а Данев освоил 2.675 поени.

    Вториот мандат на Ангелова ќе трае од 16 септември 2026 до 15 септември 2029, стои меѓудругото во Одлуката на Комисијата.

    Се гласаше на 23 факултети и на пет институти во состав на УКИМ. Гласањето започнало и завршило во предвиденото време, а според доставените записници и извештаи на Изборните комисии на единиците, не се констатирани неправилности и проблеми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира