1,6 МИЛИОНИ СИРИЈЦИ СЕ ВРАТИЛЕ ДОМА ПО ПАДОТ НА АСАД, НАЈМНОГУ ОД СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИ

    1,6 МИЛИОНИ СИРИЈЦИ СЕ ВРАТИЛЕ ДОМА ПО ПАДОТ НА АСАД, НАЈМНОГУ ОД СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИНад 300 илјади бегалци за 3 месеци минаа низ Македонија во периодот јули-септември, 2015. - Воз од Гевгелија за српска граница, октомври, 2015 (Фото: СДК.МК)

    Околу 1,6 милиони сириски бегалци се вратиле во својата татковина по политичката транзиција на крајот на 2024 година, покажуваат податоците на Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР). Најголемиот дел од повратниците пристигнале од соседните земји. Според бројките објавени во германскиот весник „Велт ам Зонтаг“, од Турција се вратиле 634.000 лица, од Либан 621.000, додека од Јордан се вратиле 284.000 Сиријци.

    За разлика од соседите на Сирија, во Германија каде што живеат над 900.000 бегалци од оваа земја, бројот на повратници е симболичен. Германската служба за миграција БАМФ регистрирала дека минатата година дома се вратиле само 3.678 лица. Сепак, забележано е нагло опаѓање на бројот на Сиријци кои бараат заштита во Германија по падот на 50-годишната диктатура на семејството Асад во декември 2024 година.

    Новиот претседател Ахмед ал-Шара, чија група ХТС го собори претходниот режим, почна да бара приближување кон Западот. Како одговор на овие промени, германската влада соопшти дека веќе нема причина за автоматско нудење заштита на сириските државјани. Иако официјален Берлин сè уште не почнал со присилно враќање поради дебатите за безбедносната состојба, државата нуди финансиски поттик од околу 1.000 евра за секој возрасен кој доброволно ќе реши да си замине.

    Во меѓувреме, опозициските партии во Германија бараат промена на законите за да им се овозможи на бегалците привремено да ја посетат Сирија за да ги проценат условите за живот, без да го изгубат својот статус. Моменталните законски решенија предвидуваат губење на заштитата доколку некое лице се врати во матичната земја дури и на краток период.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира