ПУТИН ГО СМЕНИ ШЕФОТ НА РУСКИТЕ ВОЗДУХОПЛОВНИ СИЛИ ПО СЕРИЈА УКРАИНСКИ НАПАДИ ВРЗ РУСИЈА

    ПУТИН ГО СМЕНИ ШЕФОТ НА РУСКИТЕ ВОЗДУХОПЛОВНИ СИЛИ ПО СЕРИЈА УКРАИНСКИ НАПАДИ ВРЗ РУСИЈАГенерал-полковникот Александар Чалко се наоѓа под санкции на ЕУ (Фото: Министерство за одбрана на Русија)

    Владимир Путин го сменил шефот на руските воздухопловни сили, во чија надлежност е и противвоздушната одбрана, по серија уништувачки украински напади со дронови врз Русија. Генералот Виктор Афзалов, кој ја презеде должноста во 2023, ќе биде заменет од генерал-полковникот Александар Чалко, објави рускиот сервис на Би-Би-Си, кој се повика на добро упатени извори.

    Чалко е искусен заповедник кој ги предводеше руските сили во Сирија од 2019 до 2021. Европската Унија му воведе санкции во март оваа година откако го обвини дека бил заповедник за време на руската окупација на Буча, предградието на Киев каде што руските сили извршиле масакр на цивили.

    Украина ги засили нападите врз руската нафтена инфраструктура во последните два месецa, во обид да го лиши Кремљ од неочекувани енергетски придобивки поради континуираното затворање на Ормускиот Теснец. Една од најчестите мети беше црноморското пристаниште Туапсе, кое беше жестоко нападнато четирипати за неколку недели.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира