СРПСКАТА ПЕЈАЧКА ГОЦА ТРЖАН ЌЕ ПЕЕ ЗА 30. РОДЕНДЕН НА ОПШТИНА КАРБИНЦИ, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НЕ КАЖУВА КОЛКУ ЌЕ ЧИНИ НАСТАПОТ

    СРПСКАТА ПЕЈАЧКА ГОЦА ТРЖАН ЌЕ ПЕЕ ЗА 30. РОДЕНДЕН НА ОПШТИНА КАРБИНЦИ, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НЕ КАЖУВА КОЛКУ ЌЕ ЧИНИ НАСТАПОТПо повод патрониот ден на Општината, православниот празник „Св. Спас “ на 21 мај ќе има натпревари во мал фудбал и боречки турнир. Гоца Тржан (Фото: ФБ)

    Општина Карбинци својот 30-годишен јубилеј од постоењето ќе го одбележи со повеќе културни и спортски активности како и со настап на повеќе бендови и естрадни ѕвезди од странство.

    Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов на прес-конференцијата не кажа ништо што е направено изминатите 30 години во општината, кои  инфраструктурни проекти се реализирани. Кажа дека на прославата главна музичка ѕвезда ќе биде српската пејачка Гоца Тржан, без да каже колку ќе чини нејзиното гостување и колку вкупно средства се одвоени од буџетот на Општината за мзичката програма во која покрај Тржан ќе гостува и групата „Енерџи бенд“ со Ѓоко Јовиќ.

    По повод патрониот ден на Општина Карбинци, православниот празник „Св. Спас “ на 21 мај ќе има натпревари во мал фудбал и боречки турнир затоа што од оваа општина потекнуваат повеќе македонски боречки репрезентативци и олимпијци.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира