УКРАИНА НЕ Е ОБВРЗАНА ДА ГО ПОЧИТУВА ПРИМИРЈЕТО ШТО РУСИЈА САМА ГО ПРОГЛАСИ ЗА ДА ОДРЖИ ПАРАДА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ

    УКРАИНА НЕ Е ОБВРЗАНА ДА ГО ПОЧИТУВА ПРИМИРЈЕТО ШТО РУСИЈА САМА ГО ПРОГЛАСИ ЗА ДА ОДРЖИ ПАРАДА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИВоената парада во Москва оваа година ќе биде со намален обем (Фото: АФП)

    Откако Русија го прекршила примирјето што Киев го прогласи вчера, Володимир Зеленски кажа дека Украина не е обврзана да го почитува прекинот на огнот што Москва еднострано го прогласи за 8 и 9 мај. Ова се совпаѓа со одбележувањето на победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна, што вообичаено е проследено со воена парада во Москва, која оваа година ќе биде со намален обем.

    Можеме да потврдиме дека руската страна го наруши режимот на прекин на огнот“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина вечерва ќе одлучи за понатамошните дејствија.

    Како одговор на руското примирје, Украина предложи прекин на огнот на неопределено време, што требаше да почне ноќеска на полноќ. Москва се закани со жестока одмазда ако Украина ја таргетира парадата на Црвениот плоштад.

    Доколку режимот во Киев се обиде да ги спроведе своите криминални планови за нарушување на прославата на 81-годишнината од победата во Големата патриотска војна, руските вооружени сили ќе извршат одмазднички, масивен ракетен напад врз центарот на Киев“, соопшти руското министерство за одбрана.

    Зеленски кажа дека Москва официјално не побарала од Киев прекин на огнот.

    Кремљ е уплашен дека украинските дронови би можеле да ја нарушат парадата во Москва. Ако Русија сака безбедно да ја одржи церемонијата, нека се придржува до нашето примирје. Секојдневното убивање луѓе не е погодно за јавни прослави, како парадата во Москва“, кажа Зеленски.

    Во вчерашните руски напади врз Украина загинаа најмалку 27 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира