КОАЛИЦИЈАТА ВРЕДИ СЕ ОБЕДИНИ ВО ЕДЕН ПОЛИТИЧКИ СУБЈЕКТ

    КОАЛИЦИЈАТА ВРЕДИ СЕ ОБЕДИНИ ВО ЕДЕН ПОЛИТИЧКИ СУБЈЕКТИзет Меџити и Билал Касами се копретседатели на новиот политики субјект. (Фото: Фејсбук)

    Коалицијата Вреди на Конгрес во Скопје, во присуство на 850 делегати, синоќа донесе одлука за обединување во еден политички субјект. Со овој чин, партиите и организациите кои беа дел од оваа коалиција продолжуваат со заедничко дејствување како една политичка партија.

    Копретседателот на Вреди и градоначалник на Чаир, Изет Меџити, во изјава за медиумите кажа дека овој чекор е одговор на долгогодишните барања на гласачите за промени во албанскиот политички блок каде што долго време постоел монопол. Меџити вели дека по победата во 70 отсто од албанските општини на локалните избори, овој модел е најдобар за понатамошното претставување на Албанците во државата.

    Тој рече дека обединувањето на различните политички сили околу заедничка цел било неопходно за да се стави крај на периодот на стагнација и институционални скандали. Според него, сојузот бил потребен за да се отвори ново поглавје и да се спречат злоупотребите на правдата и функциите за политички пресметки.

    Копретседателот на Вреди и градоначалник на Тетово, Билал Касами, рече дека станува збор за историски момент во кој пет партии и неколку организации се спојуваат во еден субјект. Касами вели дека целта на ваквото окрупнување е да се смени политичкото размислување и да се покаже дека политиката е во служба на граѓаните.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира