ОТСТРАНЕТИ БИЛБОРДИТЕ ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

    ОТСТРАНЕТИ БИЛБОРДИТЕ ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАРДали повторно ќе се стават билборди на јавните површини од Општината уште не знаат.(Фото: СДК.МК)

    Од јавните површини на територијата на Општина Центар отстранети се билбордите. Тие се тргнати откако на фирмата „Медиа центар маркетинг“ на 15 март ѝ истече 10-годишниот договорот. Согласно одредбите по завршување на договорот фирмата што стопанисуваше со билбордите е должна да ги отстрани, со оглед дека се нејзина сопственост.

    Дали повторно ќе се стават билборди на јавните површини од Општината уште не знаат.

    „По истекот на договорот ќе се отвори прашањето за идниот начин на постапување, имајќи предвид дека постојат повеќе иницијативи, и од страна на градоначалникот и од страна на советничките групи. Откако ќе се направи анализа за тоа што е најдобро за граѓаните на Општина Центар, ќе се донесе и соодветна одлука“, ни одговорија пред два месеци од Општина Центар.

    Агенцијата „Медиа центар маркетинг“ бараше од Општина Центар договорот да ѝ се продолжи за уште 2 години оти за време на пандемијата на ковид-19 не можела да работи и не остварувала профит. Ова барање не беше прифатено од Советот на Општина Центар на седницата која се одржа минатиот месец.

    Општина Центар во март 2016, во мандатот на градоначалникот Андреј Жерновски, склучи договор на 10 години со „Медиа центар маркетинг“ за поставување билборди низ општината.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира