30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ШТИПСКИОТ МАТЕМАТИЧАР КОЈ СЕ СОМНИЧИ ЗА ПОЛОВА ЗЛОУПОТРЕБА НА МАЛОЛЕТНИЧКИ

    30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ШТИПСКИОТ МАТЕМАТИЧАР КОЈ СЕ СОМНИЧИ ЗА ПОЛОВА ЗЛОУПОТРЕБА НА МАЛОЛЕТНИЧКИСлучајот во полиција го пријавиле родителите на ученичките (Фото: СДК.МК)

    Судија на претходна постапка при Основниот суд во Штип определи мерка притвор од 30 дена за штипскиот математичар А. Ш. (65), кој се сомничи за кривичното дело полова злоупотреба на малолетници, затоа што за време на обука во образовен центар во Штип допирал ученички, посетителки на школата.

    Случајот во полиција го пријавиле родителите на ученичките и блиски до нивните семејства, од кои некои биле вработени во правосудните органи. Професорот е приведен на 11 мај и со судска наредба биле извршени претреси во неговиот дом и во образовниот центар, при што биле одземени предмети, компјутери и мобилни телефони за понатамошна постапка. По првите пријави пристигнале нови, од родителите на други деца кои во образовниот центар ја посетувале дополнителната настава по математика.

    Ако се докажат наодите за кои се товари осомничениот математичар, тој по законот може да добие казна затвор од 3 до 20 години.

    Т, ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира