ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО КИЕВ ПО РУСКИОТ НАПАД ВО КОЈ ЗАГИНАА 24 ЛУЃЕ ВО ЕДНА ЗГРАДА

    ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО КИЕВ ПО РУСКИОТ НАПАД ВО КОЈ ЗАГИНАА 24 ЛУЃЕ ВО ЕДНА ЗГРАДАЗеленски го посети местото на нападот (Фото: Фејсбук)

    Володимир Зеленски положи црвени рози кај урнатините на станбената зграда во Киев, која беше погодена во вчерашниот масивен руски воздушен напад, при што загинаа најмалку 24 луѓе, вклучувајќи три деца.

    Нашите спасувачи работеа без прекин повеќе од еден ден. Русите практично срамнија со земја цел дел од зградата со нивниот проектил“, рече Зеленски.

    Русија лансираше повеќе од 1.500 дронови и десетици проектили кон Украина во изминатите два дена. Шестмина луѓе загинаа во западна Украина, која е далеку од фронтот.

    Ваква Русија никогаш не може да се нормализира, Русија која намерно уништува животи и се надева дека ќе остане неказнета. Потребен е притисок“, рече Зеленски.

    Киев прогласи ден на жалост во чест на жртвите. Министерството за внатрешни работи соопшти дека операцијата на пребарување и спасување во уништената зграда траела 28 часа и дека се извлечени 30 живи луѓе. Повредени се речиси 50 луѓе.

    Според првичните анализи, во нападот бил употребен крстосувачки проектил ‘кх-101‘“, рече Зеленски.

    Украина потоа изведе напад со дронови врз Русија, при што загинале четири лица во градот Рјазан, изјави регионалниот гувернер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира