ЛОКАЛЕН НУРКАЧ ПОЧИНА ПРИ ПОТРАГАТА ПО ТЕЛАТА НА ИТАЛИЈАНЦИТЕ КОИ ЗАГИНАА НА МАЛДИВИ

    ЛОКАЛЕН НУРКАЧ ПОЧИНА ПРИ ПОТРАГАТА ПО ТЕЛАТА НА ИТАЛИЈАНЦИТЕ КОИ ЗАГИНАА НА МАЛДИВИВојската ја опиша операцијата како многу ризична (Фото: АП)

    Локален воен нуркач го загуби животот трагајќи по телата на петтемина Италијанци кои загинаа во несреќа при нуркање на Малдиви. Мохамед Махди бил превезен во болница во критична состојба, каде што починал.

    Операцијата е прекината. Се чека доаѓањето на тројца фински нуркачи, кои се специјализирани за нуркање во длабоки пештери“, кажа портпаролот на владата на Малдиви, Мохамед Хусаин Шариф.

    Петмина Италијанци загинаа во четвртокот додека се обидувале да истражуваат пештери на длабочина од околу 50 метри. Досега е пронајдено едно тело, на влезот во пештера на длабочина од 60-ина метри. Се верува дека останатите влегле внатре.

    Четворица биле дел од тим на Универзитетот во Џенова, вклучувајќи ја професорката по екологија Моника Монтефалконе (51). Нејзината ќерка, студентка на овој универзитет, исто така загина.

    Осуммина спасувачи влегоа во водата денеска. Кога излегоа на површина, сфатија дека Мадхи го нема. Другите нуркачи веднаш повторно влегоа во водата и открија дека Мадхи се онесвестил“, изјави портпаролот Шариф.

    Војската претходно ја опиша операцијата како многу ризична, со неповолни временски услови. Полицијата соопшти дека времето било лошо кога Италијанците влегле во водата, при што било издадено жолто предупредување за патнички бродови и рибари. Околностите на несреќата засега не се познати.

    Нашите колешки Моника Монтефалконе и Муриел Оденино беа на Малдивите во официјална научна мисија за следење на морските средини и проучување на ефектите на климатските промени врз тропскиот биодиверзитет. Сепак, нуркањето за време на кое се случи смртоносната несреќа не беше дел од планираното истражување и беше спроведено приватно“, соопшти Универзитетот во Џенова.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира