Основниот суд во Штип го осуди охриѓанецот П. С. (38) на пет и пол години затвор за стореното кривично дело измама.
Според претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, продолженото кривично дело е сторено кон осум граѓани од Штип и Виница во јануари 2026 така што телефонски се јавувал на постари лица и им кажувал лажни факти, доведувајќи ги во заблуда. Тој им кажувал дека нивната ќерка има скршеница на нога и дека се потребни пари за итна операција.
Штетата за сите осум оштетени изнесува 3.472.906 денари или околу 56.000 евра. Најголемиот износ што го добил бил 12.000 евра од постаро лице од Виница, а останатите биле измамени за 5.000 или 6.000 евра.
Охриѓанецот ги мамел дека нивната ќерка паднала, скршила нога, во кома е, па не може да зборува и дека треба да донесат пари за итна операција.
Т. ЈОВАНОВСКИ



