САД ГО ОБВИНИЈА БИВШИОТ КУБАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ РАУЛ КАСТРО ЗА УБИСТВО

    САД ГО ОБВИНИЈА БИВШИОТ КУБАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ РАУЛ КАСТРО ЗА УБИСТВОРаул Кастро беше министер за одбрана во времето на соборувањето на авионите (Фото: АП)

    САД го обвинија поранешниот кубански претседател Раул Кастро за убиство, што е голема ескалација на кампањата за притисок на Вашингтон врз комунистичката влада на островот.

    Кастро (94) последен пат се појавил во јавност порано овој месец и нема докази дека оттогаш ја напуштил Куба или дека владата би дозволила да биде екстрадиран.

    Обвинението се темели врз случај на соборувањето на два цивилни авиона на 24 февруари 1996, кога загинаа тројца американски државјани и еден Кубанец, членови на една волонтерска група основана од Кубанци во егзил. Нивните авиони биле соборени од кубански борбени авиони, зашто, како што тврдеше кубанската влада, влегле во кубанскиот воздушен простор и фрлале летоци во кои се повикувало на востание против комунистичките власти.

    Во тоа време, претседател беше Фидел Кастро, а неговиот брат Раул беше министер за одбрана.

    Куба се бори со голема енергетска криза, засилена од американската блокада на увозот на нафта и се наоѓа под притисок да склучи договор со владата на Доналд Трамп. Тој се закани дека Куба е следна откако американските сили го заробија претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира