ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА МОЖЕБИ НЕМА ДА ДОЈДЕ НА СВАДБАТА НА СИН МУ ЗАШТО МОРА ДА СЕ БАВИ СО ИРАН

    ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА МОЖЕБИ НЕМА ДА ДОЈДЕ НА СВАДБАТА НА СИН МУ ЗАШТО МОРА ДА СЕ БАВИ СО ИРАНОва ќе биде втор брак за најстарото дете на Трамп, Доналд Џуниор (Фото: Гети)

    Доналд Трамп призна дека можеби нема да стигне на венчавката на својот син Доналд Трамп Џуниор (48), која треба да се одржи овој викенд на Бахами.

    Тој би сакал да дојдам, но тоа ќе биде многу мал приватен настан. Ќе се обидам да дојдам, но му реков дека времето не е баш добро“, кажа Трамп.

    Тој потврди дека главната причина за тоа е војната во Иран, што самиот ја започна.

    Му реков среде нешто сум, па времето баш не ми одговара. Ја имам таа работа што се вика Иран и други работи“, рече Трамп.

    Ова ќе биде втор брак за најстарото дете на Трамп. Тој беше женет со Ванеса Хејдон од 2005 до 2018 и заедно добија пет деца, по што четири години беше свршен со Кимберли Гилфојл, која сега е амбасадорка на САД во Грција.

    Неговата идна сопруга е 39-годишната Бетина Андерсон, која потекнува од угледно банкарско семејство од Флорида.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира