ЕДЕН ЗАГИНАТ ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО ПЕТРОХЕМИСКА ПОСТРОЈКА ВО УНГАРИЈА

    ЕДЕН ЗАГИНАТ ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО ПЕТРОХЕМИСКА ПОСТРОЈКА ВО УНГАРИЈАВластите кажаа дека дошло до експлозија при рестартирањето на еден од погоните (Фото: Фејсбук)

    Едно лице загина, а повеќе се повредени во експлозија во петрохемиската постројка на унгарскиот енергетски гигант „МОЛ“ во Тисаујварош во источниот дел на земјата. Унгарскиот премиер Петер Маѓар објави фотографија од инцидентот, на која се гледа огромен црн чад како се издигнува од постројката.

    Пожарот е локализиран, но интервенцијата продолжува. Околностите на инцидентот се истражуваат“, соопшти „МОЛ“.

    Според министерот за економија Иштван Капитани, компресор експлодирал за време на рестартирањето на еден од погоните, по што избувнал пожар, што и натаму се гасне. Тој додаде дека еден од повредените е во животна опасност со сериозни изгореници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира