ШЕФИЦАТА НА АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПОРАДИ БОЛЕСТ НА СОПРУГОТ

    ШЕФИЦАТА НА АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПОРАДИ БОЛЕСТ НА СОПРУГОТГабард беше лојална поддржувачка на Трамп за време на неговата претседателска кампања во 2024 (Фото: АП)

    Директорката на националното разузнавање на САД, Талси Габард, поднесе оставка поради тоа што на нејзиниот сопруг му беше дијагностициран рак на коски.

    Неговите сила и љубов ме одржаа низ секој предизвик. Не можам со чиста совест да го замолам сам да се соочи со оваа борба, додека јас продолжувам на оваа тешка позиција која бара многу посветеност“, рече Габард.

    Доналд Трамп ја прифати нејзината оставка и кажа дека функцијата привремено ќе ја преземе досегашниот заменик-директор Арон Лукас.

    Габард, лојална поддржувачка на Трамп за време на неговата претседателска кампања во 2024, беше потврдена за една од најмоќните личности во разузнавањето во САД неколку недели откако тој се врати во Белата куќа. Како шефица на разузнавачката заедница, Габард координираше повеќе разузнавачки агенции и го советуваше претседателот, но оваа година во голема мера ја немаше во јавноста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира